29.1 C
Прилеп
вторник, 21 јули, 2026
Пела Радио

За Пиво фестивалот во Прилеп видов град кој живее!

Елизабета Филипоска /новинар/

Не дека секој треба да се сложи со оваа мое писание, не дека на секому му се допадна, сигурно некој ќе најде забелешка, ќе рече дека можело подобро, дека ова недостасувало или она не било како порано,  и,  тоа е сосема во ред. Фестивал од вакви размери никогаш не може да им угоди на сите.

Но, како го видов јас!

Видов полни улици со луѓе, видов насмеани лица, млади и возрасни кои пеат во еден глас, семејства кои се шетаат, гости од сите краишта на Македонија и од странство. ..Видов град кој живее!

Пиво фестивалот не е само концерт или точено пиво. Тоa е атмосфера. Тоa е мирисот на прилепската скара, звукот на музиката што се слуша од сите страни, разговорите што траат до доцна во ноќта и чувството дека Прилеп повторно е местото каде што сите сакаат да бидат. И, годинава, фестивалот повторно го потврди тоа.

Секако дека секогаш има простор за подобрување. Тоа е обврска на секој организатор. Но, не треба ситните забелешки да ја засенат големата слика, нели?!

А, големата слика е дека Прилеп три дена пулсираше. Хотелите и приватното сместување беа исполнети, кафулињата и рестораните работеа со полн капацитет, локалната економија доби свој импулс, а градот испрати една убава слика за себе.

Најлесно е да се биде критичар од тастатура. Потешко е да се организира настан што ќе привлече десетици илјади луѓе, ќе помине без поголеми проблеми и ќе остави впечаток дека Прилеп знае да биде добар домаќин.

Затоа, ако ме прашате како го видов јас Пиво фестивалот – го видов како празник на градот. Не совршен, затоа што совршени фестивали не постојат. Но, доволно добар за повторно да не’ потсети дека Прилеп може да биде добар домаќин, дека знае да создаде атмосфера што ќе се памети.

А, за оние кои ова не им се допадна, кусо: од денеска градот се враќа во стариот ритам, полупразен плоштад во вечерните часови, собир во гето (маалските) – кафулиња и мирни тивки улици без многу луѓе.

Секој демант на горното писание е добредојден!

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на слободата на медиумите, 3 Мај – „Како ли работам новинарство?„

Teaтарски белешки (2): Kаде го снема пркосот?

Вода, пиво и ракомет

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе