Во интерес на здравјето, квалитетно производство и подобра економска исплатливост на тутунопроизводството, 10 те откупувачи на ориентален тутун во соработка со Сојузот на тутунски здруженија излегоа со препораки за добри земјоделски практики при одгледување на тутунот, со акцент на дозволена и забранета листи за користење активни материи во заштитата на тутунот. Земјоделците, особено во овој период кога е во тек интензивната берба на тутунот, проследена со температурни промени и дождови, треба да ги земат во предвид информациите за правилно третирање за тоа какви инсектициди и фунгициди треба да се користат, колку и дали тие содржат забранети активни материи.
Станува збор за хемиски елементи кои предизвикуваат дополнителни штети на здравјето на луѓето, а воедно и при преработката на ферментираниот тутун, како и во процесот на избработката на цигари. Сите регистрирани откупувачи во Македонија и Сојузот на тутунски здруженија излегоа со информативен флаер со прецизни препораки за тоа кои се забранетите активни материи вклучени во хербициди, инсектициди или фунгициди за третман на тутунопроизводството.
Досега одличен е квалитетот на производството, но променливото време наложува дополнителна и превентивна заштита, токму поради тоа треба да се има во предвид какви препарати да се користат.
„Временските услови помогнаа бербата да е со одличен квалитет. Но, периодов на дождови и големи температурни разлики има услови да се појават вирусни и габични заболувања. Тутунопроизводителите правовремено треба да го заштитат родот од племеница, пепелница, лисната вошка, болва. По препорака на откупувачите на тутун, поддржани од нас како Сојуз, побарана е селективна примена на хербициди, инсектициди и фунгициди. Тоа значи дека треба да употребуваат заштитни средства кои не ги содржат активните материи како што се каптан и фолпет (Captan, Folpet) и други наведени во листата. Особено за овие активни материи треба да се избегнуваат при прскање на тутунот за заштита,“ вели Киро Ристески од Сојузот на тутунски здруженија. 
Предупредувањата за присуство на овие забранети активни материи во македонскиот ориентален тутун доаѓале од крајните преработувачи на тутун – фабрики за производство на цигари. Оваа година непочитувањето на препораките може да го доведе во ризик пласманот на тутунот за оние производители кои што нема да се придржуваат кон упатствата.
„Опомената за забрана доаѓа последниве 2 години од производителите на цигари. Оваа година крајните преработувачи (производителите на цигари) можат да бидат поригорозни и да не се откупува од тутунопроизводителите ориентален тутун кој што ги содржи овие активни материи во производството. Така што, благовремено потсетуваме при набавката на заштитните средства, тие да не ги содржат забранетите активни материи наведени во листата на информативниот флаер за да немаат проблем понатаму при предавањето на тутунот.Исто така, се препорачува фосфорот да не се користи за да се добие вештачка жолта боја на веќе ферментираниот тутун. За време на последниот откуп повеќе тутунопроизводители беа приморани да го вратат производството дома бидејќи ја користеле оваа материја, вели Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунопроизводители.
Во информативниот флаер се прецизирани препорачаните и забранетите активни материи:


