Како чин на солидарност, пријателство и општествена одговорност, Прилепска Пиварница во текот на вчерашниот ден обезбеди донација на пакувана вода за пиење за илјадници гостиварци, со цел да им помогне на семејствата во овој предизвикувачки период.
„Ние во Прилепска Пиварница веруваме дека токму во ваквите моменти најмногу вреди да се покаже човечноста и меѓусебната поддршка зашто пријателите се познаваат во тешко. Секој мал гест има големо значење кога доаѓа во вистинскиот момент, а солидарноста е вредност што нè поврзува, нè прави посилни како општество и го отсликува духот на нашата компанија. Искрено се надеваме дека овој пример ќе го следат и другите и заедно ќе го надминеме предизвикот со водата во Гостивар“, велат од компанијата.
Прилепска Пиварница останува посветена кон заедницата со брза реакција и пружање помош во моменти кога таа е најпотребна, со надеж дека условите за нормално живеење и фунционирање ќе се стабилизираат и ќе се вратат во нормален тек.


