На Шар планина и Пелистер на сред лето падна снег. По најавените ниски температури, врнежи од дожд снегот беше вистинско изненадување за вработените од Националниот парк Пелистер кои фотографиите од вработените во пунктот на Национална радиодифузија на Врв Пелистер ги споделија на социјалните мрежи.
Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покажи дека мора да го почитуваме. Благодарност до сите вработени во пунктот на Национална радиодифузија на Врв Пелистер кои секогаш први не известуваат за сите изненадувања кои ги има Баба Планина.
Фотографии: Оливер Тарасовски

