ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ФК „Преспа“ слави сто години

1.280

Историја од еден век! Фудбалскиот Клуб “Преспа“ од Ресен денеска ќе прослави  100 години од постоењето. Одбележувањето ќе се случи во 19,оо ч. на Градскиот плоштад во Ресен, каде што е планирано да се доделат  благодарници и признанија за голем број спортисти и спортски работнци  кои дале свој придонес во фудбалот во Ресен.На настанот се очекува да присуствуваа,преставници од другите македонски клубови ,голем број спортски работници , како ипреставници од ФФМ.

„ФК Преска од Ресен е ден од најстарите клубови во Македонија. Формиран е пред некој ден или по некој ден од ФК љуботен од Тетово. Клубот е  формиран 1919 год , а се смета дека првите иницијатори за заживување на фудбалската игра во Ресен биле токму занаетчиите, трговците, учителите офицери и ресенски студенти кои се школувале во европските метрополи и во градовите на некогашна Југославија ја донесел ова  игра во Ресен.Првата топка ја донел Милан Маркоски од Јанокоец.Тоа било топка од внатрешна гума.Првиот натпревар се одиграл на 12 јули 1919 година, на Петровден, на ледината зад ресенскиот Сарај на Нијази беј, а за противник ФК Преспа го има тимот на воениот гарнизон сместен во Ресен. Завршува со победа од 2:0 за ФК Преспа која настапила во црвени дресови. Оттогаш како традиција, сите главни мечеви со тимови од соседните градови,Преспа ги грала  баш на овој верски празник,.“- раскажува за радио Пела новинарот и некогашен претседател на ФК Преспа, Сандре Темелкоски

Низ годините ФК Преспа се соочувла со многу проблеми, посебно од финансиска природа. Финансиското слабеење на општината и на фирмите директно се одразило и на работењето на клубот

„ Скормни беа нашите можност кога јас претседавав со клубот.     Моравме да се бориме за егзистенција. Вложувањет ово спортот е неопходно за негов развој. Без средста нема кавлитете спорт. Се обидувавме тогаш да создадеме можност барем младите луѓе да ја играат ова игра и клубот – вели Темелковски

?

 

Пад на квалитетот на играчкиот потенцијал  и селење на ФК Преспа во понизок ранг ФК Преспа се наоѓа во Третата Македонска фудбалска лига –Исток ,без посебни амбиции и можности за врвот . Ресенчани сметаат дека јубилејот сто години од формирањето на клубот, цел еден век историја, е момент кога треба сите да подразмислиме за иднината на ФК Преспа, клубот кој што на Макеоднија ѝ  ги подари играчи од рангот на Ѓоко Хаџиевски, Петар Шулинчевски, Наум Бутевски и други. Преспа како фудбалски колектив беше и инспирација за докажување и на многу прилепски фудбалски бисери кои едноставно сакаа да го подигнат нивото на професионалност кон фудбалската бубамара на ресенчани. Јане Николоски беше еден од многуте кои беа дел од најстарата фудбалска приказна во земјава ,а покрај него уште многумина беа дел од преспанската фудбалска траекторија која денес има за задача да ги насочи младите кон фудбалот.

Едно време фудбалскиот клуб Преспа требаше да наликува на некогашниот ракометен Преспа Јафа која максимално ги искористи своите пет минути на ракометната сцена“ , истакнува Темелковски , кој се надева дека во иднина клубот со најстара традиција , повторно ќе затропа на фудбалските порти во елитното друштво.

Преспа како колектив го носи епитетот за најстар во Македонија , со сто годишната прослава само ќе потсети дека годините изминуваат но спомените и надежите за подобро фудбалско утре , остануваат.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: