33.3 C
Прилеп
вторник, 21 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп во солидарна акција за донирање флаширана вода за Гостивар

Во овие моменти, кога жителите на Гостивар се соочуваат со последиците од неисправната вода за пиење, Прилеп ја покажува својата хуманост и солидарност. Пунктот, во организација на општна Прилеп за донирање и помош на жителите од Гостивар, е поставен до Камената Бина на плоштадот „Александрија“. Граѓаните, инситуциите и здруженије на ќе можат да донираат вода  во наредниве два дена.


“Ве повикувам сите граѓани, институции и компании, во рамките на своите можности, вторник (21 јули) и среда (22 јули), да донирате флаширана вода за пиење. Собирниот пункт е поставен на Камената бина на плоштадот „Александрија“. Секое донирано шише вода е значајна помош и директна поддршка за семејствата од Гостивар кои во моментов се соочуваат со оваа состојба. Да покажеме дека Прилеп знае да подаде рака кога е најпотребно и дека заедно можеме да помогнеме таму каде што помошта е најнеопходна„, упати апел градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски

 

Би можело да ве интересира

„Градинката во Точила во завршна фаза, општината ги реализира проектите“-Мицкоски од Прилеп

Гори букова шума кај Плетвар кај м.в. „Ливада“

Пела Редакција

Општина Прилеп одржа комеморативна седница во чест на Весна Ангелеска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе