31.1 C
Прилеп
недела, 26 јули, 2026
Пела Радио

Прва победа на футсал екипата на Радио Пела на турнирот “Љубомир Рајчевски‑Рајче“ 

Прва победа на футсал екипата на Радио Пела на меморијалниот турнир “Љубомир Рајчевски‑Рајче“ во  с.Глуво, скопската општина  Чучер‑Сандево. Момците на Радио Пела, против екипата Армија, извојуваа победа –  4:1 за Радио Пела.
Меморијалниот турнирот во мал фудбал “Љубомир Рајчевски‑Рајче“ оваа година слави јубилеј,  20 години од неговот континуирано одржување. Годинава турнирот брои 28 екипи и ќе трае 45 дена. Деновиве започнаа натпреварувањата, во кои екипите веќе ја започнаа битката за влез во осминафиналето. Следниот противнк на Радио Пела ќе биде познат вторник 28-ми јули.
Инаку , на неговото отворање на турнирот (на 23 јули) се собраа познати фудбалски имиња кои дали свој придонес за развој на фудбалот во општина Чучер- Сндево, на кои им беше поделени благодарници, мештани, а на отворањето присуствуваше и доајенот на македонското спортско новинарство,  Атанас Костовски, како и други љубители на фудбалот и спорт.
 Локалната самоуправа, чии овој турнир е еден од најомилените спортски случувања во општината , и годинава го поддржа како знак на почит кон оставеното наследство и посветеноста на заедницата кон спортот и посочи дека „ова не се само натпревари туку е голем собир на генерации, дружење и емоции кои го прават Чучер‑Сандево да „дише како едно“.
“Турнир е повеќе од спорт: тој го чува споменот на Рајче, ги поттикнува младите да тренираат и потсетува дека заедништвото и спортскиот дух се вечни.“ упатуваа апел од општината која по 20 пати, безрезервно го подржува меоријалниот летен турнирот во мал фудбал на отворено “Љубомир Рајчевски‑Рајче“.
А, на футсал екипата на Радио Пела ова ќе и биде трето учество натурнирот во мал фудбал на отворено “Љубомир Рајчевски‑Рајче“. 2025 година таа го сови третото место.

Би можело да ве интересира

Прилепчанката Велевачкоска, главен судија на фудбалски натпревар во Втората лига мажи

Македонка во Грција, го развиори македонското знаме како првак во планинската трка на Меторите

Јада најдобар на третиот „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе