29.1 C
Прилеп
вторник, 21 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Огнот му го уништи домот, Киро од Голем Радобил се надева на хуманите луѓе

Не биле доволни двете маки за 55 годишниот Киро Димоски од Голем Радобил, прилепско:  ја загубил сопругата пред една година која боледувала од карцином. Тој пак има нарушување на рбетниот столб, поради што тешко се движи и не е работоспособен.

Покрај семејната трагедија и здравствениот проблем тој сега треба да се бори и со третата мака: на Петровден (14.07.2026), во неделата попладне, неговата семејна куќа ја зафатил пожар. Киро не бил дома, за празникот со својот брат бил во посета на манастир раскажува вознемирен и потиштен…

Селото Голем Радобил од градот Прилеп е оддалечено над 26 км. Бидејќи веднаш требало да се реагира соседите направиле се’ во битка со огнената стигија и не повикале противпожарна екипа. Тие му јавиле за пожарот и успеале да спасат што може да се спаси.  Уништена е покуќнината и електричните апарати од каде најверојатно започнало ширењето на огнот.

Со надеж дека ќе ја спаси сопругата Киро Димоски вложил се’ што било вредно,  ја продал и земјоделската механизација за да помогне. Сега има само една мала приколка и магаре. За неговото лекување, за храна, сметки,  патување до Прилеп, за основните потреби се зајмува и зависи од помошта на роднините, соседите и пријателите…

Тој се надева на хуманите луѓе на помош за храна, да ја возобнови покуќнината, барем основните апарати кои огнот ги проголта. Потребни му се средства за лекување со надеж дека повторно ќе може да работи за да се одржи во живот.

Доколку некој сака да помогне и да контактира со Киро Димоски од село Голем Радобил, прилепско тел. број 071 421 654.

Ова е трансакциската сметка на која граѓаните и компаниите можат да донираат.

 

Би можело да ве интересира

Внимателно: Bо Лениште,Чепигово, Тројкрсти водата не е исправна за пиење

500 пакетчиња со училишен прибор пред почетокот на новата учебна година подарија жените-членки на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Пела Редакција

Во тек јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување велосипеди

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе