33.3 C
Прилеп
вторник, 21 јули, 2026
Пела Радио

Тешко повреден рудар од рудникот за мермер во с.Небрегово

Во рудникот во с.Небрегово, (општина Долнени), вработеното лице К.С.(39) инаку , од Турција, при изведување на работни активности изгубил рамнотежа. При тоа рударот паднал на мермерна полоча и се здобил со тешки теленси повреди. Веднаш интервенирала екипа на Итната медицинска помош од Прилеп, која тешко повредениот рудар, морала да го однесе на понатамошно лекување во клиника во Скопје.

Информацијата од МВР гласи:

На 19.07.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во рудник во с.Небрегово, општина Долнени, вработениот К.С.(39) од Турција, при изведување на работни активности изгубил рамнотежа и паднал на мермерна подлога, при што се здобил со тешки теленси повреди. Од екипа на Итна медицинска помош Прилеп, К.С. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

На затвореник во Прилеп преку пратка му доставиле грутчеста материја

Прекршоци и кај возачите на товарни возила – во вчерашниот ден санкционирани 54 на подрачјето на СВР Битола

Пела Редакција

Син го запалил татка си при семејна расправија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе