33.3 C
Прилеп
вторник, 21 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанец возел под дејство на алкохол додека превезувал дигалка по автопат

Не водејќи сметка за ризкиот кон другите возачи на автопатот и не саканите последици кои можел да ги предизивка во сообраќајот, во алкохолизирана состојба, со 1,81 промили алкохол во крвта,   професионален возач од Прилеп, 62 годишен,  управувал товарно возило вршејќи вонгабаритен превоз без одобрение и под дејство на алкохол.

 

Настанот се сличил утрово  (20.07.2026) во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје кога полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишиле од слобода возачат на товарно возило “волво” со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз,  а при извршен алкотест утврдено е присуство на алкохол од 1,81 промили , се вели во инфорамцијата на МВР.

Против возачот К.З.(62) од Прилеп се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по чл.297-А од Кривичниот законик, безобѕирно управување со моторно возило како и прекршочна санкција по член 151 став 7 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, вршење на вонгабаритен превоз без одобрение и барање за поведување на прекршочна постапка по член 151 став 5 и 6 од ЗБСП за правно лице и одговорно во правно лице.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР

 

Би можело да ве интересира

Уште еден крадец фатен на дело, оперирал во угостителски објект

Малолетници од Прилеп ограбиле златара и две продавници

Пела Редакција

Прилепчани фатени како крадат од здравствена установа во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе