Во овие моменти, кога жителите на Гостивар се соочуваат со последиците од неисправната вода за пиење, Прилеп ја покажува својата хуманост и солидарност. Пунктот, во организација на општна Прилеп за донирање и помош на жителите од Гостивар, е поставен до Камената Бина на плоштадот „Александрија“. Граѓаните, инситуциите и здруженије на ќе можат да донираат вода во наредниве два дена.
“Ве повикувам сите граѓани, институции и компании, во рамките на своите можности, вторник (21 јули) и среда (22 јули), да донирате флаширана вода за пиење. Собирниот пункт е поставен на Камената бина на плоштадот „Александрија“. Секое донирано шише вода е значајна помош и директна поддршка за семејствата од Гостивар кои во моментов се соочуваат со оваа состојба. Да покажеме дека Прилеп знае да подаде рака кога е најпотребно и дека заедно можеме да помогнеме таму каде што помошта е најнеопходна„, упати апел градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски

