Моторциклист од с. Крушенаи, на возраст од 54 години, возејќи мотор изгубил контрола и излетал од патот, па се здобил со тешки телесни повреди. Полицијата констатирала дека возачот возел под дејство на алкохол, информираат од СВР Битола, преку следната инфомрација
„На 23.07.2026 во 03:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Крушеани, прилепско, 54-годишниот Г.М. од с.Крушеани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека Г.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. „

