12.1 C
Прилеп
сабота, 25 јули, 2026
Пела Радио

ЦЈЗ – Прилеп: Во Крушево забраната за користење на водата ќе трае се додека не се добијат три последователни негативни резултати на водата за пиење

Земајќи пет примероци на вода за анализа, три од градскиот водовод со којшто стопанисува јавното комунално претпријатие „Комуна“ – Крушево и два примероци од крај патни чешми, примероци земени на 20 јули, (вода од чешмите Света Петка, Крајпатна бензинска, реонот на Црешово Топче, Стара Црква и реонот под хотел Монтана)  Центарот за јавно здравје Прилеп, по анализите утврдиле дека постои бактериолошка неисправност на водата за пиење.

“Во нашата лабораторија на 20 јули, беше констатирано дека има отсуство на резидуален хлор и веднаш стапивме во контакт со надлежните лица од ЈКП „Комуна“ Крушево. Веднаш, уште истиот ден, ги информиравме за отсуство од резидуален хлор, а следниот ден веќе заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, инспектори од Агенција за храна и ветеринарство, бидејќи тие се надлежни за да издадат решение за забрана за пиење на водата, и, беше изречена забранат за користење на водата за пиење во градот Крушево. Забраната се однесува поради, како што кажав, отсуство на резидуален хлор, но и зголемен број на контаминентни т.е. зголемен број на колимфордни бактерии, присуство на ешерихија коли и ентерококи“, истакна д- р Горан Кузески, директор на Центарот за јавно здравје – Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Но, и покрај небезбедната вода , од ЦЈЗ-Прилеп посочија дека ниту во Крушево, ниту ,пак во Прилеп, споредбено со претходните години,  во овој момент нема зголемен број на регистрирани случаи на гастроентероколит.

„Од епидемиолошка гледна точка, сакам да се надоврзам и да кажам дека во моментов, и во Крушево, и во Прилеп епидемиолошката состојба е мирна во однос на појавата на лица со симптоми на гастроентероколит. Значи бројот на пријави се движи во рамките на очекуваната бројка за овој летен период. Така да немаме нови регистрирани случаи на гастроентероколит, коишто би ги поврзале со небезбедната вода, конкретно во општина Крушево.“ посочи при оваа прилика дир. на Центарот за јавно здравје – Прилеп, д-р Горан Кузески.

А, водата од Крушевскиот водовод и чешми продолжува да се испитува, велат од Центарот за Јавно здравје – Прилеп.

„Од истите места каде што претходно беа земени примероците во средата, четвртокот и денеска, петок, земени се нови мостри, нови примероци на вода. Во тек се анализите, и ако истите овие анализи се уредни, тек тогаш ќе може Агенцијата за храна и ветеринарство да даде дозвола за употреба на водата за пиење во Крушево.“, потенцира д-р Кузески.

Дотогаш, препораката за крушевчани  за користење на водата сè уште важи: 10 минутно превривање на водата при користење на комунална хигиена: перење, миење на садови, миење на овошје и зеленчук, а за пиење, исклучиво да се користи флаширана, пакувана вода. Забраната, велат од ЦЈЗ – Прилеп, ќе трае сè додека не се добијат три последователни негативни резултати на водата за пиење од пунктовите од каде претходно биле земени мострите.

Би можело да ве интересира

Традиционален уметнички хепенинг на Ротари во чест на 3 ти Ноември

Уапсени двајца дрвокрадци во долненско

Злато за учениците од Крушево на натпреварот по кулинарство

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе