16.6 C
Прилеп
петок, 24 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Министерот Мисајлоски во посета на Прилеп – градежни активности во касарната „Мирче Ацев“

Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посетија припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и извршија увид на градежните активности, кои во моментов се реализираат во касарната.

Мисајловски порача дека Министерството заедно со Генералштабот континуирано работат на подобрување на инфраструктурата во касарните и посочи дека со реконструкцијата се обезбедуваат услови за соодветно сместување и складирање на новонабавената опрема и возила, хаубиците, Страјкерите и лесните оклопни возила (JLTV), како и за останатата артилериска опрема.

„Оваа инвестиција е од 10.5 милиони денари, но значи многу, бидејќи на овој начин опремата ќе биде целосно заштитена. Како што можете да видите, целосна нова челична конструкција, а направена е нова електрика, заштитен објект, целосно под видео надзор со хидрантска мрежа“, рече Мисајловски и додаде дека во моментов се работи на различни проекти низ касарните во државава во висина од над 850.000 евра.

Мисајловски од прилепската касарна уште еднаш потенцира дека инвестициите во одбраната се инвестиции од македонските граѓани за македонската Армија, која е секогаш подготвена да им помогне на своите сограѓани и во служба на државата.

Во рамки на денешната работна посета на касарната, министерот го посети и Одделението за одбрана на Министерството во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во Пелагонискиот регион и пошироко, Црна Река бележи континуиран пораст

Пела Редакција

Општинскиот кризен штаб се мобилизира за заштита на имотите на граѓаните на општина Прилеп

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе