11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Настани кои ја одбележаа 2018 во Прилеп и Пелагонија

2018 година е година на штрајкови и протести на Еурокомпозит. Работниците го смениa синдикалното раководство, започнаа серија штрајкови и протести, блокираа патишта, се села пред Влада, добиваа ветувања за исплата на заостанати плати и придонеси, и на крајот на годината, дел од нив заминаа,технолошки вишок.

Тутунски Комбинат се одборчи кон државата и со доброволни пакет, со отпремнини ,за 222  вработени, го намали вишокот на работници. Мермерниот кобинат – Прилеп, 2018 г. предвиде да  реализира експлоатација на 30.000 метри кубни мермер. Витаминка го купи брендот  „Брилијант“. Прилепска пиварница, 2018 со нова инестиција,а комапнијата Комфи Ангел го прослави својот 14-ти роденден!

Во 2018 година,  советниците од опозицијата го бојкотираа Советот, за настанаите од 24 април, опозцијата организраше во Прилеп протести за двојазичноста, за договорот со Грција…Се одржа референдум за името. 2018 прилепечани ќе ја паметат по покачувањето на тарифата за опадни води, по отворањето на ИКТ Центар во Прилеп за зачувавање на податоци,прв од ваков вид, година на донации, спортски турболенции во фудбалот и машкиот ракомет, година кога за прва пат, претседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп е жена , Ирена Јакимоска, која водено стана и прва жена претседател на фудалски клуб во Македонија, ФК „Победа„.

Регионалната стопанска комора -Прилеп за прва пат констатира дека во Пелагонискиот регион, со доаѓањето на странските инвестиици во безцаринските зони, се зголеми потребата за потенцијална работна сила – „Невработеноста минато- сегашноста ,нема работници„ – истакнаа,а со овој проблем се соочи, и Прилеп, и Битола.

Општина Долнени продаде рудник за мермер и го подмири својот долгот.Концесионерот, при јавно наддавање, македонско-турска компаниа, понуди 7,3 милиони евра, сo што со 2 милиони евра се офајди и Прилеп. 2018 год. земјоделците тутунари ,доживеаа катастрофа, по силните невремиња, во јули и август, чија штета беше проценета на 3 милиони евра, но и за прв пат, кога Општина Прилеп им ги покри дел од штеите, од својот буџет.

Во 2018 год. започнаа ЗОИ, чии знаменосец  за МК беше крушевчанецот Јара, започна Светското првенство во фудбал-сите ја следеа најспоредната работа на светот, 100 000 илјади евра доби Прилеп од УНДП за уредување на комплексот “Маркови Кули„ ,Општина Прилеп отвора дневен Центар за лица со церебрална парализа, Крушево за прва пат, за новогодишните празнци исполнето до последно место,годинава кога  во опетек беа пуштени новите, полимерни банкноти од 10 и 50  денари.

 јануари  

05 јануари – Донација од 180.000 денари за Центарот за деца со церебрална парализа од турнирот во мал фудбал

07 јануари- Еурокомпозит го сменува синдикалното водство и започнува серија на штрајкови

19 јануари-  Kрстот во Прилеп во рацете на Александар Вељaноски !

21-јануари – Се формира детски црковен хор во храмот Св.Петка

23 јануари -Прилепска Победа со историски одлуки – Ирена Јакимоска на чело на клубот!

27-јануари-Движењето „Ние сме Македонија“со протести во повеќе градови во светот

29.јануари-За пензионерите на Прилеп по два часа бесплатен Јавен градски превоз-прдложи Советот на Општина Прилеп

Февруари

  1. Општина Прилеп и ЕВН потпишаа договор за квалитетно снабдување со електрична енергија во месноста во Три Багреми -Тризла

09- февруари – Мирен протест во Прилеп против промена на уставното име

09-февруари- Официјално започнаа Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Крушевчанецот Јада го развиори македонското знаме во Пјонгчанг.

19- февруари- 68 години од формирањето на театарот „Војдан Чернодрински“

19 февруари- Корнети – најмаска на Карневалот Прочка 2018 (галерија)

27- феврари -Седница на Советот на Општина Прилеп за тарифа за утврдување на цената на водените услуги(вода за пиење и отпадни води)  власта настоуваше да објасни дека нема повисоки сметки за вода ниту покачување на цената на вода за пиење, како што донесла одлука Регулаторната комисија , и дека цената на водата останува непроменета.

28-февруари – Работниците од Еурокомпозит продолжуваат со блокади и протести.

Март

05-март –Со 7, 5 милиони денари Општина Прилеп ќе го помага спортот и здруженијата

07-мартЕурокомпозит „се сели“ пред Владата

13 март07- март- Општина Прилеп ги интензивира активностите за отворање на дневниот Центар за деца со церебрална парализа…

20- мартСедми ден протести во Прилеп против двојазичноста, 15 тина повикани на информативен разговор…

28-ми мартПрилепскиот ракометар Томче Петрески на чело на РК Пелистер

28-ми март 100 000 илјади Евра од УНДП за уредување на комплексот “Маркови Кули“

29-мартНе се гледа крајот на тунелот Еурокомпозит, блокадите продолжуваат!

30-март22 години  постоење на Општина Новаци

Април

18 –априлНови проблеми и најави за штрајк и протести во Еурокомпозит

23-априлИрена Јакимоска е новиот претседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп

25-априлМакедонско-турска компанија отвора рудник за мермер во Прилеп и Долнени

30-ти  април –  Почнува втората фаза од изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско

 

Мај

05-мајПрилепските спортски ветерани формираа здружение

14-мајДонација на болнички кревети за прилепската болница

24 мајОпштина Прилеп ќе штеди енергија .Советниците едногласно, „да“ за програма за енергетска ефикасност

27-мајКирил Самарџиоски добитник на престижната награда ”SEE Personality 2018”

30 мајТут-ком Прилеп се одборчи кон државата

31-мај –Во опетек пуштени новите, полимерни банкноти од 10 и 50  денари

 

Јуни

 02-риФото кино клуб „Прилеп“ ги собра наградите на државниот фестивал на аматерски филм во Стурга

13-тиМирен протестен марш во Прилеп против договорот со Грција

14-тиПочна светското фудбалско првенство

15-ти -„Клетници“ од прилепскиот театар, најдобра претстава на 53. МТФ „Војдан Чернодрински“

28-ми – Почина последниот АСНОМ- ец,прилепчанецот Перо Ивановски – Тиквар

 

Јули

 02- ри Последната група од 222 работници замина од Тутунски Комбинат Прилеп

02-ри Генералниот штрајк на Еурокомпозит се сели пред Владата

03-ти ИКТ Центарот во Прилеп – основа за идниот Шенгенски информациски систем

10-ти Крушево домаќин на светската змејарска елита

16-ти Околу 200 илјади луѓе го посетија Пивофестот 2018

20-ти Радио Пела второ по слушаност од локалните радио станици во Македонија

23-тиГрад и силен ветер во целост го уништи земјоделскиот род во прилепско .Над 650 пријави за штети од невремето за два дена пристигнаа во Општина Прилеп

Август

6-ти   Во Могила опожарени 1 500 бали сено и слама, сопственост на градоначалничката Гулевска

14-ти За референдумот до ДИК од дијаспората доставени 742 пријави

26-тиЈада најдобар на третиот „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“

30-ти Штетата на земјоделците од невремето проценета на 18,5 милони денари

29-ти  Канатларци до март долгорочно ќе ги реши децениските маки со водоснабдувањето

30-ти  Над 1 100 барања доставени во Општина Прилеп за проценка на штетите од невремето на 23 јули

 

Септември

13-ти – Прилепско јавно здравство – недостигаат лекари и друг медицински персонал!

21-ви Осмо издание на т.н “трка на јунаци” КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС

30-тиНа референдум на гласање излегле 34,09 проценти од обработени околу 85 проценти од податоците, од запишаните гласачи во Избирачкиот список и своето право на глас го оствариле 519.435 гласачи. Во Пелагонија: Крушево со највисока излезност, Могила со најниска

 

Октомври

 10-ти Прилеп доби копија во мермер и реплика од исчезнатиот орден „Народен Херој“

11-ти  Прилеп и Куманово за прв пат заедно го слават  големиот празник 11-ти Октомври

22-риОпштина Прилеп нула денари долг- го врати долгот кон добавувачите и доверителите во висина од 104 милиони денари.

26-ти Манчески повторно снима филм во Мариово

 ноември

 03-ти Наградата на град Прилеп 3-ти Ноемвир, за животно дело во рацете на дуетот Селимова-Желчески

13-ти Повисоки сметки за вода во градовите со пречистителни станици.Прилеп е еден од нив!

14-ти Првaта група вработени од Еурокомпозит заминуваат како технолошки вишок

19- ти Новите казнени политики на ресорното министерство – причина за револт на прилепските матични лекари и стоматолози

19-ти Комбинатот започна со откуп на тутунот

28-Балканот се прости од Горан Стефоновски,

30-ти Клуб на лекувани алкохоличари одбележа 40 години и констатира младите дами се повеќе посегнуваат по чашка алкохол  

 Декември

 01-ви 20 -сет Прилепчани го носат вирусот на ХИВ/СИДА

06 –ти Се формира ново здружение Збогум РОМА СОС… Станица П.Е.Т

07-ми Пелагонискиот регион со највисока стапка на слободни работни места

12-ти По 40 години,  се модернизира „Прилеп 1“ за сигурно снабдување со ЕЕ

18-ти Прилеп доби прифатилиште за кучиња

19-ти Одбележан празникот Свети Никола

20 ти Наместо прослава за 65 години од постоењето, Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Македонија се соочува со внатреорганизациски обвинувања за тежок криминал од 9, милиони денари

24-ти Крушево е подготвено за Новогодишните и за Божиќни празници-се исполнето до последноместо

26-ти  Општина Прилеп со највисок џетот за 2019 г. од над милијарда и 290 милиони денари?!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Кога и како ќе гласаат лицата во самоизолација и болни од КОВИД 19 кои се во карантин?!

Елизабета Филипоска

По примерот на Идризово, прилепскиот затвор ќе добие работилница за изучување на занаети

Гордана Цветаноска

(Совети од EMA Place Студио) Која фризура е моден тренд за матуранти?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе