ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Какви избори очекува ВМРО ДПМНЕ, кој ќе биде на пратеничката листа, со кога ќе коалицира?!

405

Потпретседателот на  ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешниот престој во Прилеп кога присуствуваше на отчетот што го дава градоначалникот на Прилеп, одговараше на новинарски прашања поврзани со претстојните избори.

Очекувам изборна кампања во која ќе зборуваме за она што се случуваше, но и за иднината. Дали кампањата ќе биде фер, не зависи само од нас. Најмалку зависи од нас дали изборната кампања ќе биде фер зашто сме опозиција, но убеден сум дека ќе имаме огромна поддршка од народот, рече Николоски.

За случувањата во Алијанса за Албанците, Николоски рече дека има голема разединетост во власта, и како што истакна, според него, време е ДУИ да оди во опозиција.

Власта со години се обидуваше да направи раздор во ВМРО-ДПМНЕ, тоа не успеа. Но, наместо еден обединет фронт каков што беше најавуван, европски или не знам каков, сега ќе имаме, очигледно, најразединет возможен фронт на власта. Време е ДУИ да оди во опозиција и се создава силен отпор кон ДУИ во политичките партии на Албанците во Македонија, изјави Николоски.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ разговарала за идно коалицирање со албанските партии, Николоски изјави дека размислувале, но се уште не разговарале.

За пратенички листи и изборни единици, Николоски рече дека за листите ќе се знае кон крајот на март и почетокот на април, а за носителите веројатно нешто порано.

Целата изјава од Николоски погледенете ја ТУКА

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: