ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Правила и протоколи во прилепските училишта – зошто, и колку се почитуваат?!

407

Училиштето не е мегдан на престиж за материјалната состојба на учениците и на нивните родители, туку образовна институција исклучиво и единствено за стекнување на знаења. Така беше некогаш, како е сега? Факт е дека училиштата ако некогаш беа образовно – воспитни институции, денес тој воспитен аспект како да се занемарува, а воспитната улога на наставникот, професорот се преточува исклучиво низ наставниот процес. Дали и колку правилата, протоколите, кодексот на однесување во училиштата од учениците ќе се почитуваат, сепак најмногу зависи од семејството како клетка од која се создава, се гради и созрева една личност, велат од педагошко – психолошките служби во училиштата.

„Во училиштата и во нашата работа како образовен кадар, родителите имаат улога на партнери за напредокот на ученикот во наставниот процес, но и доколку се јават одредени проблеми. Без тој партнерски однос во ова брзо, технолошки напредно време, тешко дека ќе го вратиме воспитниот елемент во училиштата, вели Рената Станкоска, дефектолог во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп во интервјуто за програмата „Радио што се гледа“ на Радио Пела.

Прилепските училишта со новата учебна година востановија нови правила за користењето на мобилните телефони, кодот на облекување и кодексот на однесување. Најавените измени уште на крајот од минатата учебна година, од 1ви септември започна да ги спроведува најпрво ООУ „Климент Охридски“. Немилите настани во соседна Србија годинава, дополнително беа причина за ваквата одлука која широко беше прифатена од јавноста. На учениците им се забрани носење и користење на мобилните телефони во училиштетото.

„За ваквите ограничувања причината беше учениците да се посветат на наставниот процес и меѓусебното запознавање и дружење. За овој прв месец одземени се само 2 телефони од ученик, а родителите во целост се сложуваат со ваквата одлука. Учениците имаат на располагање 5 телефони од каде можат да се јават доколку имаат потреба“, вели Ахил Јаков, директор на училиштето.

(Не)употребата на мобилните телефони во основните училишта во Прилеп сега ја применуваат сите училишта со поддршка на родителите, а со претходни одлуки на наставниот совет, советот на родители и Советот на општината. Од пред 2 години во основните прилепски училишта востановено е правилото за носење на униформи.

Едно од најстарите средношколски центри во земјава пак, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп деновиве воведе правила за тоа каква облека е забранета во училиштето, со цел на таков начин да се востанови протокол – Кодекс за пристојно облекување и однесување за време на училишните часови во рамките на оваа образовна институција. Покрај кратките здолништа, хеланки, тренерки, маици на прерамки, бермуди, кратки панталони, искинати фармерки, посочени се одредени забрани за носење на пирсеви, долги нокти.

„Одлуката во врска со ограничувањата за тоа каква облека не треба да се носи на училиште не е од оваа година, туку од лани, кога и на учениците и на родителите им беше соопштено кои се новите правила. Истакнувањето на плакатот со Кодексот за однесување и надворешен изглед со сликовито објаснување предизвика големо внимание кај учениците, кај некои наиде на негодување, но најголемиот дел го одобрија. Покрај тоа, училиштето забрани училишниот двор да се користи како паркинг простор за превозните средства на учениците. Освен велосипедите, сите останати превозни средства: автомобили, веспи, електрични тротинети се забранети да се паркираат во дворот, од проста причина што нема простор, а патеката мора да биде секогаш слободна за итни потреби на противпожарни возила, амбулантно возило и друго“, вели Весна Mихаиловска, директорка на училиштето.

Новиот Кодекс и „дрес код“ во Гимназијата можеби наскоро ќе биде надополнет со користење на униформи кои веќе 5 години не ги носат прилепските гимназијалци. Тоа зависи од одлуката на Советот на родители од ова училиште, а предлогот е учениците во завршната 4 та година да бидат ослободени од правилото за униформи. Користењето на мобилните телефони во ова училиште е ограничено и единствено важи за потребите на целите на наставата бидејќи нема компјутер за секој ученик, така што при влегувањето во училница телефоните се оставаат на посебно место означено за таа потреба.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: