ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во петок концерт на Љубојна во Прилеп – музичко уживање исполнето со етно музика (ФОТО)

319

На 22 септември 2023 г. /петок/ во 20.00 ч. во ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи Љубојна — македонската музичка група којашто изведува  етно – музика . Влезниците по цена од 100 денари ќе се продаваат во четврток и петок од 10 до 13 и од 17 до 20.00 ч на билетарницата од Центарот.
Повеќе од 20 години „Љубојна“ работи на проекти што се засноваат на истражувања на македонската музика и култура.  Таа стои зад повеќе проекти,перформанси, прави музика за филмови и од 2002 година од кога е основана, групата настапува со разновидни мултимедијални претстави и концерти во светот. Досега имаат објавено девет албуми, меѓу кои  „Песна за мојата песна“, кој е направен според истоимената поема на Петре М. Андреевски, албумот „Ljubojna in life“, албумот „Ljubojna Brass Fantasy“, снимен со голем лимен дувачки оркестар и претставува оживување на беломорската музика од егејскиот дел на Македонија.

Досега „Љубојна“ има одржано бројни концерти низ Македонија и во странство,Торонто, Њујорк, Москва, Истанбул, Венеција, Рим, Париз, Марсеј, Солун, Кан,Германија, Словенија, Словенија…

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: