ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп докторски турнир во шах

1.186

Дека шахот е омилено хоби и за докторите показател е традиционалниот турнир кој што секоја година се организира по повод Светскиот ден на здравјето 7 ми април. Годинава, под покровителство на Лекарската комора на Македонија и техничка организација на шаховскиот клуб „Прилеп“ на 08 Април 2023 година се одржа републички турнир во шах на доктори.

Учество зедоа 11 доктори и 1 докторка од повеќе градови, а турнирот го отвори нивниот колега градоначалникот на Прилеп др. Борче Јовчески. Во крајно неизвесна борба победничкиот трофеј со 9 поени од 11 партии го освои проф.др.Вело Марковски од Скопје, половина поен повеќе од второпласираниот др.Дејан Јанков, третото место му припадна на др.Петар Каревски со 7,5 поени, колку што освоија и др.Мите Зафиров, др.Пеце Петрески и др.Благоја Дамески. Се одигра и ревијален двомеч на екипата на докторите и екипата на ШК Прилеп на 6 табли при што убедлива победа извојува прилепскиот клуб со 23:13. Се’ на се’ прекрасен настан во нашиот град, информира Тони Кироски, претседател на ШК „Прилеп“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: