ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Голбол спорт за слепи лица се одржа во салата на ООУ Кире Гаврилоски -Јане

254

Прилеп денеска беше домаќин на натпревар по голбол или ролбол, игра на голови, наменета за слепи и лица со оштетен вид. Натпреварите се одржаа во салата н ООУ “Кире Гаврлоски – Јане“, како традиционален четворомеч во голбол, помеѓу неколу екипи, во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, Здружението на слепи од Прилеп, со поддршка на локалната самоуправа и основното училиште „Кире Гаврилоскиа – Јане„ .

Теренот за оваа игра  треба да биде во  должина од 18 метри,  а голот треба да има  пречник од 9 метри. Топката, која се користи  за играта голбол, е со ѕвонче,а  на теренот играа 6 играчи.

Слепите лице и слабовидните лица побараа да имаат можност повеќе да тренираат и да бидат дел од спортските активносит.

Спортската игра голбол е параолимписки спорт за лица со пречки во видот (слабовидни и слепи), а во Македонија постои државно првенство во глобол, а дел од екипти и учествуваат и на меѓународни натпревари. Инаку, Првото Светско првенство во голбол се одржало во 1978. година во Австрија, а спортот за првпат бил додаден и на Летните Параолимписки игри во Арнхајм, 1980-та година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: