ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Градинката во Точила во завршна фаза, општината ги реализира проектите“-Мицкоски од Прилеп

652

 Денеска во посета на Прилеп беше лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски кој ја разгледа детската градинка во Точила, која е во заврша фаза и ја истакна важноста од овој проект:

Исклучително значаен проект за Прилеп бидејќи потребата од вакви објекти е секогаш поголема од капацитетите со кои што располага општината и добив информација од градоначалникот дека секогаш околу 300 до 350 дечиња се на листата за сместување во објектите. Со оваа градежна офанзива која што ја направи градоначалникот заедно со администрацијата, со тимот овде во Прилеп, се заврши овој објект. Благодарност и до ЕВН која што практично овозможи да во рекордно брзо време се добие енергетско напојување на самиот објект. Она што исто така сакам да кажам е дека општина Прилеп продолжува да ги реализира проектите- рече Мицкоски.

Градинката се простора на површина од 5 030 метри квадрати и има капацитет за 250 деца, но се очекува доуредување од ресорното министерство рече градоначалникот на Прилеп Борче Јовечски:

Денеска посебно сум горд што конечно во завршна фаза е детската градинка во населбата Точила и која што конечно ни ветува дека во најскоро време со докомплетирање на документацијата од јануари или февруари, се разбира тука до израз треба да дојде и обврската на Министерството за труд и социјална работа која што треба да се погрижи за обезбедување на ентериерот во детската градинка. Со тоа докажуваме дека ние конечно сме спремни да ги реализираме сите проекти кои што и се започнати. За жал можам да потврдам дека сепак огромниот дел до завршувањето на градинката, исто така и наследувањето на целокупниот долг за исплата, остана на локалната самоуправа и можеме со гордост да се пофалиме дека со домаќинско менаџирање веќе исплативме 37 милиони денари. Благодарноста на акцијата која што е преземена за досредување во оваа состојба каква што е сега моментално ни дава до знаење дека ние со самите проекти за подобра иднина ги реализираме и го остваруваме сето она што сме го ветиле предизборно и после назначувањето на локалната самоуправа на чело со мене во општина Прилеп.“ рече Јовчески при оваа прилика.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: