ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Денеска муслиманските верници го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам

153

Денес муслиманските верници го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам. Овој празник е познат како празник на жртвата, бидејќи тогаш се принесува животно како жртва за доброто на верата и за корист на луѓето.

Курбан Бајрам е празник кој го негува соживотот, радоста, посветеност кон човештвото, хуманоста, моралот, мирот и достоинствотоповикува.Празник е познат како празник на жртвата, бидејќи тогаш се принесува животно како жртва за доброто на верата и за корист на луѓето. Принесувањето курбан е ритуал што се поврзува со Ибрахим (Авраам) и Исмаил и значи приближување кон Бога. Според Куранот, светата книга на муслиманите, оваа жртва ја заменува човечката која требало да ја направи Ибрахим наместо да го жртвува сопствениот син. Но, Алах тоа го заменил со овен. Подготвеноста на Ибрахим да го жртвува својот син за доброто на Алах предизвикало Алах да му го поштеди животот на неговиот син. Ова се сметало за Господово чудо. Токму поради оваа посветеност во историјата на исламот, муслиманите го слават Курбан Бајрам секоја година за да ги примат Алаховите благослови и прошка.

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на исламот на празникот Курбан-бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.

 Курбан-бајрам се одбележува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам или Рамазан, а со него се поврзува комплетирањето на Светиот Куран. Курбан-бајрам го одбележува и завршувањето на аџилакот на аџиите кои одат да се поклонат на Светата Ќаба во Мека. Аџилакот е една од петте свети должности на муслиманите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: