ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Завод и Музеј Прилеп со средства од Министерството за култура ги обнови и санираше спомен облежјата на Паркот на Револуцијата (ВИДЕО +ФОТО)

Обновени спомен обележјата на Парко на Револуцијата

817

Со средства од Министерството за Култура , Завод и Музеј Прилеп го реализираше проектот за обнова на неколку содржини од спомен обележјата кои се наоѓаат на Могилата на непобедените. Станува збор за обнова во целост на патеката и алеата на паднатите борци , сменети се плочите на бистите кои беа оштетени и скршени , сменет е комплетниот изглед на аурите кај криптата со помош на техника на прскарење.Во криптата каде што се имињата на паднатите борци од Прилеп, сите оштетени плочи се сменети , кругот околу тој споменик е среден а Завод и Музеј Прилеп учествуваше и во санацијата на патеката на паркот на револуцијата ( од долниот дел па се до амфитеатарот) , како и во целосно реновирање на амфитеатарот кој го доби својот препознатлив лик и ќе биде одлично место за реализација на различни активности на отворено.

Во тек е и реализацијата на проектот , изработка и леење на петте бисти кои недостасуваат на могилата на непобедените ,  бисти од народните херои кои својот живот го завршиле по ослободувањето , со што алеата на народните херои во иднина би се збогатила со уште овие бисти кои се во изработка.Тоа се бистите на Вера Ацева , Крсте Црвенкоски , Борко Темелкоски – Лиљако , Ѓоре Дамески – Боксеро и Атанас Забасноски – Руски.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: