ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Инклузивно детско игралиште наскоро на Могилата на непобедените

160

Привршуваат градежните активности околу изградбата на инклузивно детско игралиште во паркот на Могилата на непобедените, со пристапност и содржини за сите деца. Предлог- проект  произлезе од причина што Општина Прилеп нема доволно детски игралишта за деца со попреченост. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески денеска со претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски направија увида на градежните активности на детското инклузивно игралиште во изградба на Могила.

„Главната цел на овој проект е да се даде придонес кон обезбедување на услови за подобар психо-физички развој на децата и да се придонесе за зајакнување на социјалната инклузија која подразбира чувство на прифатеност во локалната заедница и почитување на правата и способностите на секој поединец, а програмата „Форуми во заедницата“ се покажа како одлична алатка за демократска одлука и соработка со граѓаните и носење на квалитетни одлуки за потребите на заедницата,“ рече претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Проектот произлезе од програмата „Форуми во заедницата“ преку проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ каде што Советот на Општина Прилеп и учесниците на форумот заеднички одлучија приоритетен предлог проектот да биде „Изградба на инлузивно детско игралиште“ во општина Прилеп. Вкупниот буџет за реализација на проектот изнесува 3 милиони и 700 илјади денари. Од нив 72% се средства обезбедени од донаторот, а 28% од Буџетот на Општина Прилеп. Реализацијата на проектот ќе заврши до крајот на овој месец.

 Проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиски е поддржан ид Embassy of Switzerland in Macedonia, Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а е кофинансиран и се спроведува преку Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: