ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И со истечена важност на личните документи ќе може да се гласа

149

Граѓаните чии лични карти и патни исправи се со истечена важност во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите ќе може да го остварат своето уставно загарантирано право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори. Ова произлегува од преодните измени на Изборниот законик (ИЗ) кои денеска по скратена постапка беа усвоени од мнозинство од вкупниот број на пратениците во Собранието.

Со усвоените предлог-измени на Изборниот законик, дополнително се овозможува граѓаните кои наполниле 18 години заклучно со денот на изборите, односно помеѓу двата изборни круга, да може да гласаат приложувајќи документ за лична идентификација (пасош или лична карта).

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: