ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО)Какви профили на работници бара Словенија во Прилеп?

356

Поради големата побарувачка на работна сила за потребите на словенечкиот пазар на трудот, во соработка со Амбасадата на Република Словенија, словенечките работодавачи  денеска од 10 часот до 17 часот во Центарот за култура Марко Цепенков одржа саем за вработување во Прилеп, после оној во Скопје. Стотици прилепчани дојдоа да се информираат и да остварат контакти за работа.

Со посредство на Агенцијата за вработување на Словенија, 30 тина институции и компании бараат доктори, медицински персонал, возачи, градежни и угостителски работници.  Од словенечката агенција за вработување велат дека им требаат работници да ја изградат Словенија која претрпе големи штети на инфраструктурата од годинешните поплави. Процедурите за добивање дозвола за работа се олеснети, а македонските работници би ги имале истите права како и словенечките работиници.  Во Прилеп беа најмногу словенечки работавачи од здравствениот сектор и социјалната заштита, како и транспорт.

Ова е втор настан што словенечката Агенција за вработување го организира во Македонија после саемот во јуни.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: