ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Креации од ноќта“, тематска изложба на дела од уметници на ДЛУП

126

„Креации од ноќта – уметност инспирирана од соништата“ е тематската изложба на дела од уметници, членови на ДЛУП, што ќе биде отворена на 1.09.2023/ петок/ од 19.30 часот во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. На изложбата ќе земат учество околу 15 уметници кои се членови на ДЛУП.

Низ вековите, научните и уметничките милјеа изразувале силен интерес за состојбата на сонување и таинственоста на сонот. Многубројни уметници, меѓу кои: Хиеронимус Бош, Франциско де Гоја, Вилијам Блејк, Џорџо де Кирико, Хуан Миро, Рене Магрит и Салвадор Дали, ја пронашле личната творечка инспирација во соновите и различните состојби на свеста. За нив, суштинското разбирање и интерпретирање на сонот преку визуелниот ликовен јазик претставува неодминлив и возбудлив предизвик. На тој начин, тие создале автентична и препознатлива сликарска иконографија. Предводниците на уметничките правци – дадаизам, магиски реализам и надреализам, извршиле големо влијание врз модерната светска и домашна уметничка сцена.

Во творештвото на претставниците на магискиот реализам (Анри Русо, Џорџо де Кирико и Карло Кара) основен предмет на интерес е фантастиката и метафизиката. Додека пак, предводниците на надреализмот (особено Рене Магрит и Салвадор Дали) во своето творештво ги применуваат најновите научни сознанија од областа на психоанализата (Фројд и Јунг) и ја проучуваат функцијата на сонот. Симболиката на сонот служела за одгатнување на психичката активност на потсвеста и начинот на којашто влијаела врз однесувањето на поединецот во секојдневието.

Овие уметнички правци претставуваат особен предизвик и инспирација за група современи уметници, односно членови на ДЛУП Прилеп. Имајќи ги во предвид нивните основни концепти и принципи, уметниците/учесници во текот на проектната активност создадоа уметнички дела во зависност од сопствениот уметнички афинитет и со помош на разни техники и материјали – велат од ДЛУП.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: