ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ни ал, ни абер од старт на реконструкција на улицата „Леце Котески“

634

Освен потпишување на договорот за почеток на градежните работи на улицата „Леце Котески“ до денеска, 27 ми јуни, нема ниту најава за почеток од какви било градежни зафати на влезот од Прилеп од кај Крушево. Ни после 18 денови, багерот не е ниту помрднат од денот кога беа направени фотографиите за потпишан договор меѓу Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп. Нема друга градежна механизација, работници, ниту каква било активност што би можела да навести  почеток на реконструктивни зафати. Улицата сеуште е во истата состојба каква што е во изминативе неколку децении.

Инаку посетата на министерот Бочварски и потпишувањето на договорот на 9 ти овој месец помина без присуство на новинари, медиуми (јавност) како и за повеќето други посети и настани што се случуваат во општинава. Од најавата за стартот на градежните работи на улицата Леце Котески единствено беше лиферувано соопштение на социјалните мрежи, а посетата на министерот измина инкогнито и нерегистрирана од новинарите (медиумите).  Според соопштението од Министерството за транспорт и врски објавено повторно само на социјалните мрежи „ инвестицијата е преку 48 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски. Предвидено е покрај рехабилитација на основниот коловоз да се изгради и нова пешачка и велосипедска патека во должина од два километри. “

Информацијата за почеток на реконструкцијата, тогаш, ја потврдија и од кабинетот на градоначалникот Борче Јовчески со дополнување дека  Проектот за „Реконструкција на улицата Леце Котески“, се реализира преку Проектот за поврзување на локалните патишта – финансиран од Светска банка, а се имплементира  од Министерството за транспорт и врски. На брифинг средба со новинарите беше кажано дека реконструкцијата треба да заврши за 10 месеци, од денот на потпишувањето на договорот.

И толку. Дополнителни официјални информации за овој проект нема ниту од министерството, ниту од општината.

Багерот сеуште стои на истата локација, сообраќајните знаци за уредување на сообраќајот не се помрднати, а купчето песок се намалува од дождовите и ветрот…

Багерот не е поместен од позицијата

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: