ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Повеќе полицајци повредени во сообраќајна несреќа кај „Бегова Ливада“

345

На 3.4.2023, во 18 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во близина на местото наречено „Бегова Ливада„, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со шведски национални ознаки, управувано од Р. Т. (45) од Прилеп, и патничко возило „ланд ровер“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата тешки телесни повреди добил Р. Т., а телесни повреди добиле возачот на полициското возило и уште четворица негови сопатници, сите вработени во МВР, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: