ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепска обвинителка и нејзината ќерка биле мета на закана – приведно едно лице

893

Обвинителка од Прилеп и нејзината ќерка биле мета на закани и демнење, за што е уапсено едно лице, кое претходно било осудувано за кривичното дело – Загрозување на сигурноста, а имало и други кривични пријави.

Судот определи 8-дневен притвор за маж кој преку социјалните мрежи упатувал закани кон обвинителка и нејзиното семејство.

Од Обвинителството поведоа постапка против лицето кое се сомничи за делата Полово вознемирување, Загрозување на сигурноста и Демнење.

Во текот на ноември, осомничениот на својот Фејсбук профил во повеќе наврати поставувал текстуални објави и вклучувања во живо со кои се заканувал дека ќе нападне врз животот на основната јавна обвинителка на ОЈО Прилеп и членови на нејзиното најблиско семејство. Намерата му била да ја вознемири и да ја исплаши, а врз основа на пол, личен, семеен и општествен статус на оштетената како Јавен обвинител“, велат од Обвинителството.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: