ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските лозари ги закроија лозјата зa Св.Трифун

354

„Cе собираме уште од раните утрински часови. Си носиме ракија, вино, храна, месо. Правиме скара за сите. Го зарежуваме лозјето за да ни даде род што повеќе„, велат прилепските лозари кои, денеска, во чест на Св.Трифун ги закроија лозјата.

Со закројување на лозојата, кај параклисот Св.трифун, кај викенд населбата Маркова Чешма, прилепские лозари го одбележаа празникот посветен на Св.Трифун, светец за кој се смета дека е заштитник на лозјата и овошките. Велат дека станува збор за многувековна традиција што и тие ја наследиле од нивните предци. Веруваат дека годинава ќе има богат род, а Св.Трифун ќе ги штити лозјата од невреме и штетници.

По зарежувањето на виновите лози, стеблата од лозјата ги полија со вино и ракија од минатогодишната берба. Велат така било пред сто години така е и денес.

Поголемиот дел од грозјето прилпските лозари го употребуваат за производство на вино и ракија за сопствени потреби. Се смета дека прилепското поднебје има квалитетните сорти на грозје, од кое се произведува и квалитетно вино. Најплодните лозови насади во регионот на Прилеп , токму се наоѓаат во месноста викана „Маркова чешма„ ,иако лози во прилепско има и од јужната страна на превојот  Плетвар и во Топличко- Радобилскиот регион.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: