ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчани пееја од срце и уживаа во македонската песнa на концертот „Македонијо во срце те носиме“

616

Прилепчани, вечерва во огромен број,  уживаа во звуците на убавата македонска песна.  Плоштадот „Методија Андонов Ченто„ беше исполнет со бројна публика кој го пееше секој рефрен со македонските естрадни уметници Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јepаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажаев, “ДНК“, Ламбе Алабакоски и Миле Кузмановски. Заедно пееа сите, задно ги повторуваа стиховите  и сите заедно поминаа  два часа во музички амбиент и одличниот концер на караванот „Македонијо во срце те носиме“ кој ќе остане долго за паметење.

„Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“…беа само дел од богатиот македонски репертор , патриотски песни на караванот „Македонијо во срце те носиме“ , отпеани од срце и душа со цел да се зачува музичкиот аманет кој го оставиле генерациите пред нас раскажувајќи преку песната за македонската судбина и љубовта кон Македонија.

Проектот „Македонијо во срце те носиме „ е на Скендеровски продукција. Во него 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни  „спакувани во ново руво“ и има за цел да се продолжи векот на убавите родољубиви македонски песни , но и да се испрати порака до младите генерации дека треба да се грижиме и да ги чуваме песните испеани за нашата земја, бидејќи тие се дел од македонското културно наследство.

Караванот „Македонијо во срце„ те носиме тргна од плоштадот во Штип, беше во Битола и Велес, го посети Прилеп, а планирано е да заврши во Скопје.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: