ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп одбележа 121 година од погибијата на Гоце Делчев и 112 години од смртта на Пере Тошев

96

Прилеп одбележа 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог  и борец за македонската кауза, Гоце Делчев и 112 години од загинувањето на македонскиот револуционер, Пере Тошев, чиј што гроб се наоѓа во црквата Св.Благовештение во Прилеп. Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, заедно со делагација од Советот на Општина Прилеп, претставници од институции и политички партии, граѓани положија свежи цвеќиња пред спомен обележјата на македонските револуционери и на Могилата на непобедените.

„Денес одбележуваме 121 година од смртта на Гоце Делчев и 112 години од смртта на прилепчанецот Пере Тошев, двајца од најголемите македонски револуционери и национални херои! Нивната идеја за слободна македонска држава денес нам ни е оставена во аманет и наша должност е да ја сочуваме! Ние мораме секојдневно да зборуваме за нивниот живот, за делата на македонските револуционери и за нивната борба за независна Македонија, се’ со цел повторно и повторно да го потсетуваме светот дека Република Македонија е исконска земја која што цврсто и со длабока наклонетост стои пред своите корени, пред својот идентитет, својот јазик и своето свето име, посочи градоначалникот Јовчески,“ упатувајќи празнична велигденска порака до своите сограѓани.
Прилеп денеска достојно одбележа и 121 година од загинувањето на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев со оддавање на почит пред бистата на револуционерот во основното училиште кое го носи неговото име.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: