ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Промоција на книгата „Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун “

1.254
„Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун “ е насловот на новиот научен труд, учебник на авторите проф. д-р Мирослав Димитриески и проф. д-р Гордана Мицеска, реномирани научни работници од областа на земјоделството, специјалност генетика на ориентални сорти тутун. Проф. д-р Златко Арсов исто така реномиран научен работник од областа на примарното тутунопроизводство беше промотор на денешната промоција која се одржа во Градската библиотека Борка Талески Прилеп. Книгата е во издаваштво на Друштвото за наука и уметност Прилеп. Учебникот ќе им користи на студентите од втор и трет циклус на студии, но и на примарните производители на тутун и откупните компании.
Авторите се долгогодишни научни работници од областа на генетиката на ориенталните сорти тутун, реномирани македонски научници кои се признати во регионот и Европа, редовни професори на втор и трет циклус студии на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: