ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Синоќа во Прилеп висок степен на загадување

194

Мерната станица на министерството за животна средина лоцирана во кругот на болницата во Прилеп, синоќа, во 23:00 часот регистрираше многу високо загадување со  ПМ10 честичките, додека за МП2,5 за Прилеп нема податоци , иако според  експертите за аерозагадувњае ПМ2,5 честичките се сметаат за најопасни.  Но, пак затоа во Битола во истото време, мерната станица во индустрискиот дел на Битола регистрираше многу високо загадување со ПМ2,5 честичките и високо загадување со ПМ10.

Експертот за аерозагадување Франк Хамес објаснува дека 95 проценти од штетата ја прават токму овие ПМ2,5 честичките .

.„ПМ2,5 е најопасна, бидејќи тоа е честичка која оди најдлабоко, надолу во нашите бели дробови и која всушност се депонира во нашите бели дробови и оди кон остатокот од нашето тело. Така што секоја клетка во нашето тело, дури и нашата коса, содржи ПМ2,5. Секоја мозочна клетка содржи ПМ2,5. Таа едноставно оди секаде во нашето тело. ПМ2,5 многу пати содржи бројни хемикалии, посебно од согорувањето, кои се штетни за здравјето. Тоа е навистина комбинација од цврсти честички со хемикалии“, вели извршниот директор на IQAir, Франк Хамес, пишува во текст и документарниот филм „Пази! Видлив воздух“  развиени со поддршка на Journalismfund Europe.

Синоќа многу високо загадување беше регистрирано и во Битола, Кичево, Тетово, Струмица и во делови од Скопје.

Главниот македонски град претпладнево дури е со втор најзагаден воздух во Европа, односно трет во светот, според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Со индекс на квалитетот на воздух од 172, аерозагадувањето во Скопје е штетно по здравјето, а полош воздух од скопскиот ова утро е регистриран само во Сараево и во Њу Делхи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: