ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Советот на Општина Прилеп утре ќе ја одржи 37-та седница

161

Утре, четврток, 11 јануари 2024, со почеток во 12 часот, Советот на Општина Прилеп ќе ја одржи 37 мата седница. На дневен ред се 22 предлог точки по кои ќе се одлучуваат советниците од работата на Советот, јавните претпријатија и училиштата. Седницата треба да започне со одлука по  Предлог-Извештајот за работата на Советот на Општина Прилеп за 2023 година, а пред советниците се два предлог правилници за утврдување на критеримуите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп зa спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија и фондации и за утврдување на критеримуите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп зa еднократна парична помош.

Од работата на јавните претпријатија прилепските советници ќе треба да се изјаснат по предлог-одлуката за усвојување на Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и Финансиски план на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп за 2024 година и за предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата во ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп. Воедно, советниците ќе треба да се изјаснат и по предлог-Одлука за усвојување на Финансиски планови за 2024 на ЈКП Комуналец Прилеп  година, ЈП за ПУП Прилеп, ЈКП Пазари Прилеп и за петте средни  училишта. На  утрешната 37 мата седница поставени се и две предлог одлуки кои се однесуваат на измени и исправки на урбанистичко техничка документиција и прифаќање на донација на Општина Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: