ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Советот на Општина Прилеп ја одржа 37 та седница, прва за 2024 та година

228
Советот на Општина Прилеп ја одржа 37 та седница и прва во новата година, со 16 точки на дневниот ред. Членовите на Советот на Општина Прилеп дадоа позитивно мислење за Предлог-Извештајот за работата на Советот на Општина Прилеп, за 2023 година. Со мнозинство гласови беа усвоени и Предлог-Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија и фондации. Советот донесе позитивна одлука и ја усвои Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и Финансиски план на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, за 2024 година.
Советниците дадоа согласност на одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата во ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп. Воедно беше донесен сп мнозинство гласови и Финансискиот план на ЈКП Комуналец Прилеп за 2024 година, како и Финансискиот план за работењето на ЈП за ПУП Прилеп за 2024 година, а беше усвоена и Програмата за работа на ЈП за ПУП Прилеп-планирани активности во 2024 година. Покрај за ЈКП Водовод и канализација беше дадена согласно и за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП за ПУП Прилеп за 2024 година.
И Програмата за работа на ЈКП Пазари Прилеп за 2024 година доби зелено светло како и Финансискиот план на ова јавно претпријатие за 2024 година. Исто така мнозинството советници дадоа согласност на Програмата за реализација настава во природа за учениците од V (петто) одделение на ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп за учебната 2023/2024 година.  Училишниот одбор на ООУ “Кирил и Методиј”с.Канатларци -Прилеп доби нов член -претставник на Општина Прилеп, како и Управниот одбор на ЈОУ Градска Библиотека „БоркаТалески“Прилеп. Прилепските советници донесоа одлука за прифаќање на донација на Општина Прилеп.
Последните две точки односно Предлог-Одлуки беа изгласани со 15 гласа ЗА, и тоа: Предлог-Одлука за донесување на техничка исправка на Детален урбанистички план за УЕ 5-дел, плански опфат Ц – Општина Прилеп и Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за четврт 3, блок 3.1, Општина Прилеп, плански период 2023–2028.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: