ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Со марш одбележани 80 години од Февруарскиот поход

223

Прилепскиот Сојуз на борци и поддржувачи на традициите од НОБ и Револуцијата заедно со планинарските друштва по повод 80 годишнината од Февруарскиот поход  го одржaa маршот по врвиците на партизаните и борците. Учествуваа околу 200 учесници кои утринава ја почнаа маршутата од пред Меморијалниот музеј „11 Октомври“ во центарот на Прилеп, на Могилата на непобедените положија свежи цвеќиња и се поклонија пред криптата на загинатите борци.  Официјалниот марш учесниците го започнале од превојот Слива во Мариово, па со пешачење до манастирот „Свети Никола“ во селото Прилепец, преку месноста Дуна Нива до манастирот „Свети Димитрија“ во селото Селце како крајна дестинација. Во чест на Февруарскиот поход, маршот е традиционален, за да се оддаде почит во сеќавање на загинатите борци во НОБ.

-Овој традиционален марш годинава е со посебно значење поради големата годишнина- 80 години од славната епопеја на партизаните и борците – февруарскиот поход. Денеска во нашата организација дојдоа и од другите градови, од тамошните организации на Сојузот на борците да го одбележиме денот, вели Рубин Белчески, претседател на прилепската организација на Сојузот на борците и поддржувачите на традициите од НОБ и Револуцијата.

Февруарскиот поход е еден од најзначајните настани од Народноослободителната борба на македонскиот народ. Во февруари 1944 година, Народноослободителната војска на Македонија извршила оперативни дејства, речиси на целата етничка територија на Македонија. По пролетната офанзива 1944 година беа создадени слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: