ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Стручен собир на пожарникарите од Македонија и од регионот „Прилеп 2023“

228

Прилеп домаќин на дводневен, десетти по ред, стручен собир на пожарникари Прилеп (17 и 18.11.2023 г.)  „Прилеп 2023“ . Собирот на кој присуствуваат домашни и странски експерти од областа на пожарникарството и други институции, се одржа во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Темите се поврзани со „Интервеции на пожари, поплави, евакуација и спасување како последица од природните непогоди и други несреќи“. Двата дена ќе бидат презентирани актуелни теми, анализи на реални настани и случки, а ќе се пренесат искуства од интервенции за гаснење пожари, спасување, евакуација на загрозено население и материјални добра, природни богатства, заштита на животната средина, технички интервенции на пожарникарите во различни услови на работа, искуства од прекуграничната соработка, нови методи и тактики, нова опрема и средства за работа на пожарникарите и др.

Покрај домашни експерти,  учествуваат и од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Целта е да се поттикне развојот на пожарникарството, како професионалното така и доброволното, организирањето вежби со различни сценарија и заеднички настап на службите за брзи интервенции како што се: противпожарните единици, полицијата, итната медицинска помош, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и други хуманитарни и волонтерски друштва. Активностите треба да придонесат за стекнување сомодоверба, градење на личните искуства, познанства и пријателства можности за студиски посети,донации и друго. Гостите како во Прилеп така и во Крушево имаат можност да посетат и се запознаат со природните и културните богатства и вкусната македонска храна.

Инаку, првото училиште за професионални пожарникари на ниво во Р Македонија е отворено во Прилеп на почетокот на осумдесетите години во центарот за Обука и заштита „Лазо Филипоски- Лавски“. Согласно верифицирана програма од тогашниот Републички завод за унапредување на образованието и воспитувањето, ова училиште овозможувало преквалификација на трет степен средно стручно образование во насоката „пожарникар“, се’ до 1997 година кога требаше да се изврши негова пререгистрација.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: