ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тенденција или грешка-прилепската општинска каса скусена за 500 000 евра ?!

579

Поради тенденција или техничка грешка, но прилепскиот Буџет годинава остана покус и за дополнителни 34,6 милиони денари (околу 500 илјади евра). Имено, како информираше денеска Дејан Проданоски, претседателот на Советот на општина Прилеп наместо во прилепската општинска каса, приливот од концесии за експлоатација на минерални сировини на територија на општината завршил во општина Ресен?! Тоа, посочи Проданоски ќе има сериозни реперкусии при креирањето не само на Буџетот за наредната година, туку и за наредните години.

Имавме очекуван прилив во Буџетот од 15 и пол милиони денари за концесиски услови. Тоа се 78% од тоа што фирмите уплаќаат за ископ на минерални сировини. Истите требаше да стигнат на сметката на Општина Прилеп кон крајот на септември оваа година. Но, за жал заради техничка грешка истите биле уплатени на сметката на Општина Ресен. Тие 15 милиони денари за Општина Прилеп ќе значеа исполнување на рамката од 75% собирање приходи кои беа предвидени во Буџетот за 2023 година, а со тоа исполнување на Буџетот за тој да се зголеми за дополнителни 10%, односно 34, 6 милиони денари. Со ваквата административна грешка ние бевме спречени Буџетот да го надградиме за 34,6 милиони денари. Со тоа директно се влијаеше и врз рентабилноста на Буџетот и врз дополнителните проекти, добра ликвидност на буџетите на јавните претпријатија кои зависат од субвенционирање со плаќање на фактурите на локалната самоуправа за одржување на јавната прометна површина и за одржување на јавната чистота. Лично не сакам да се сомневам дека ова е направено тенденциозно, но сите показатели, ако логично ги разгледуваме со поминати филтри на две министерства до Трезор – 15 и пол милиони денари да завршат на друга сметка оставам простор да суди јавноста дали нешто е направено со тенденција, односно дека општина Прилеп е раководена од друга политичка опција и на некој начин да се потврди сликата дека ова е потврда на сликата која се прикажува во јавноста дека Општина Прилеп ништо не работи, посочи Проданоски.

Имено, општинските буџети се кројат според остварените буџети од 3 годишен период, па така, последиците ќе ги чувствуваат најмногу граѓаните, бидејќи било да станува збор за технички пропусти или за политички тенденции, треба да се има во вид дека реперкусиите се долгорочни.

 Под вакви услови какви што се и какви што ги имаме тоа е максимумот што е направен. А оние пречки кои што на дневна основа ги има функционирањето на Локалната самоуправа се надевам дека во иднина ќе бидат отстранети наредната година и нема да имаме дополнително вакви проблеми. Верувајте дека 34,6 милиони денари околу 500 илјади евра и тоа како значат за последните 2 месеци за добро да се приврши годината, а тоа значи уште подобри буџети после 2025 година, затоа што просекот се зема од последните 3 години. Затоа што при креирањето на Буџетот во 2026 година не знаеме кој  ќе биде и како ќе се креира локалната самоуправа, тогаш и на таа следна гарнитура ќе им биде многу потешко функционирањето. Значи се преклопуваат периодите на раководењето на општината и секој треба да биде свесен и совесен затоа што не зависи само за неговото портфолио туку зависи и за иднината за она што следува. За ова јавноста треба да биде запозната бидејќи тоа ќе има долгорочни реперкусии заради тоа што ова сега што се прави е за добивање на дневно политички поени, а на штета на сето тоа се само граѓаните, вели Проданоски.

На денешната прес конференција на која присуствуваше и градоначалникот Јовчески беше потенцирано дека  менаџирањето од претходната власт доправа ќе се анализира и ќе се преземаат соодветни чекори бидејќи покрај другото извештајот на Државниот завод за ревизија покажал дека нема технички прием на булеварот „Гоце Делчев“, а сериозни забелешки имало околу анексите при изградбата на мостот во Сточен пазар , како за запоставувањето, односно уништувањето на општествен имот – објектот на училиштето во Сточен пазар.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: