ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Хуманитарен концерт од младите прилепски ѕвезди за набавка на опрема во прилепското неонатолошко одделение

718

В сабота на 23 ти декември од 18 часот Центарот на културата Марко Цепенков ќе биде резервиран за предновогодишно уживање со звуците на младите прилепски ѕвезди кои ќе блеснат на големата сцена. Под мотото „Заедно за нов живот“ децата од ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ Прилеп, Димитар Иваноски, Маја Црвенкоска, Филип Николоски, Марија Јанчулеска, Илија Јанчулески, Дејан Трајкоски, Алекса Петрески, Мина Јолеска, Сергеј Попоски, водителот Марјан Ѓорѓиоски ќе се претстават во најдобро светло на хуманитарниот концерт посветен на превремено родените деца. Организатори се прилепчанките Данче Оклеска и Маја Црвенкоска.

Средствата кои ќе бидат донирани од картите по цена од 150 денари се наменети за набавка на монитор или аспиратор за неонатолошкото одделение во прилепската болница.

Влезниците може да се набават во кафетериите: Стори, Еспресо и Лувр

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: