ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЌЕ ИМА ПИВОФЕСТ, НО НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ ГО ОРГАНИЗИРА

1.563

Три недели пред почетокот на една од најголемите манифестации во Прилеп, Пивофест, градските власти сеуште пред  прилепската јавноста не откриваат кој  или кои ќе бидат организаторите на оваа манифестација. Градоначалникот на Прилеп, на вчерашната седница на Советот на Општина Прилеп, одговарајќи на советничко прашање, посочи дека до крајот на неделава,  ќе биде познат  организаторот. „Секој има право да шпекулира со информацијата дека тој е организатор, но одговорно ви тврдам дека официјално ние немавме толку барања, за комисијата да одлучи кој ќе биде организатор. И, ви тврдам дека по истиот принцип како и лани, од пристигнатите обрајќања, ќе има привлиегија тој кој што бил прв пријавен. Значи одиме по принципот „прв дојден-прв услужен„. До овој момент немаме потпишано ниту договор ниту меморандум со иден организатор.„–  образложи градоначалникот, Јовчески пред советниците.

На новинарско прашање, градските власти соопштија дека за Пивофестот оваа година се одвоени 1 милион денари од Буџетските средства. Гласините, низ прилепската чаршија велат дека прилепските стопанственици не пројавиле голем интерес за спонзорирање на оваа манифестација.

Порталот Фокус, пак, како што вели, „од извор кој е дел од организирањето на фестивалот“, пишува : „Советот на фестивалот Пивофест Прилеп 2023 ќе одржи состанок со општинскиот Совет во понеделник во Прилеп, и тогаш ќе се знаат имињата на музичките гости кои ќе настапат на 20-годишниот јубилеј на манфестацијата. За јавноста и за медиумите точните информации ќе бидат достапни во вторник.  – пишува пораталот  ,,Фокус” и појаснува дека нивниот извор тврди дека се додека не се финишираат сите детали на предвидениот состанок во понеделник, во јавност не може да се излегува со имиња, ниту на музички гости, ниту пак на членови на фестивалскиот Совет на Пивофест Прилеп.“

Инаку, Манифестацијата ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули. А, Советот на Општина Прилеп на 29та  седница која се одржа на 21 јуни, ја усвои одлука за определување на локалитетот за одржување на „Пивофест- Прилеп 2023“. Пивофестот, повторно ќе се одржува во ценарот на Прилеп!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: