ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија, вон функција картичките од сите македонски банки

704

Банкоматите на одредени банки од утринава не работат, а сите платежни картички од македонските банки од пладне не функционираат за плаќање ниту преку интернет, ниту во продавница. Не може да се изврши никаква трансакција со картичка. Станува збор за буквално сите банки во Македонија.

„При обидот за плаќање на терминалите во продавниците потребно е повеќе време за поврзување со системот, а потоа картичките системот ги одбива како да нема доволно средства на сметката. А од утринава не работи ниту еден банкомат на Комерцијална банка во градов,“ вели една сограѓанка. Во соопштение на Македонската банкарска асоцијација го потврдуваат проблемот но не посочуваат кога ќе биде решен:

Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: