CSS Template

Македонија слави 28 години независност

38
Avtokontrol1

Oд успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава, Македонија одбележува 28 години.
Со убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално, волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Меѓународно ¬правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181. полноправна членка на светската организација.
По повод одбележувањето 28 години од независноста на државата ќе биде положено цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, Скопје и на вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров.
Под мотото „Боите на независноста“ кај Школка во Градскиот парк со почеток во 11 часот ќе се одржи прослава организирана од страна на Владата.
Во Прилеп делегации од Општина Прилеп, институции, политички партии, Сојузот на борци, здруженија и граѓани на Денот на независноста ќе положат цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто и на Могилата на непобедените.

Farma Dolneni
Vivafarm