ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Два часа по гласањето излезноста во Прилеп на високи 25,9 % ,најслаба излезност во Долнени

308

Над 25 отсто излезеност до 11 часот за изборите во Прилеп, Крушево и Крвогаштани, а најслаба излезност во Долнени .

На вториот круг од претседателските избори во Општина Прилеп, до 11,oo часот излезноста е 25, 90 отсто, според партиски извори, односно 19,9о според ДИК, каде гласале 11.178 . Во поглед на парламентарните избори излезноста во Прилеп до 11,оо час e 18,20 отсто, односно гласале 11.165 гласачи. Гласањето се одвива тековно и со незначителни проблеми, посочуваат од Општинските изборни комисии во Прилеп, каде имало 9 приговори од кои 3 одобрени ,а шест се во процедура, главно поради тоа што лицата не можеле да се најдат на избирачкиот список.

На вториот круг од претседателските избори во Општина Кривогаштани,  до 11 часот излезноста е 12,31 отсто според ДИК, а гласале 545 . Во поглед на парламентарните избори излезноста во Општина Кривогаштани.  до 11,оо час 12 отсто, односно гласале 525 гласачи.

Во Општина Крушево за претседателските избори излезноста е 19, 57% до 11,оо часот, а во поглед на парламентарните избори излезноста во Општина Крушево, до 11,оо часот е 19, 84, односно гласале 1545 гласачи.

Најслаба излезност до 11,оо часот на претседателските и парламентарните избори е во Општина Долнени, каде за парламентарните избори излегле 8, 69 гласачи, односно 1.021, а за претседателските избори излезноста е 6,43 % од гласачкото тело или 754 гласачи.

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето кое генерално се одвива мирно и без проблеми, информира портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: