ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

417
Над 200 дечиња оваа година ќе учествуваат во Бадниковите поворки кои се одржуваат под мотото ,,Почувствувај радост”. Од денеска, петок 5 ти јануари ги започнуваат активностите. По пробата од 10:00 часот, децата ќе го посетат Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“, каде што  дечиња – ангелчиња ќе им ги честитаат претстојните празници на штитениците во домот и ќе го најават Христовото раѓање. Утре, Бадник, 6 ти јануари, поворката започнува од Камената бина во 10:00 часот каде што децата ќе ги отпеат песничките ,,Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово”. Тука дечињата ќе бидат пречекани од градоначалникот на Прилеп, г-динот Борче Јовчески кој симболично ќе ги дарува.
Пеејќи ја ,,Вечниот Бог”, поворката продолжува кон уличките низ старата чаршија, а потоа се враќа  до божиќната пештера во центарот на градот.
Поради одржувањето за прв пат на Божиќен конкурс при храмот Св Петка -Точила, по завршувањето на поворката во центарот на градот, нашата група ќе се упати кон тој храм.
Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите за овој конкурс ќе биде во 11:30 часот во храмот. Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот.
Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божиќ.
Ве покануваме на поворката и на Божиќниот конкурс за сите заедно, радосно и достојно да го најавиме Христовото раѓање, посочуваат од организацијата Бадникови поворки Прилеп.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: