ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПОГЛЕДНЕТЕ: Нов прекрасен салон за вашите свадби и прослави- КРЕАС ресторан

1.200

Салон КРЕАС, е новото место за свадби, крштевки, семејни и деловни прослави. Лоциран не далеку од Прилеп  (регионалниот пат Прилеп- Крушево, 100 метри , кога ќе свртите кон затворот од лева страна ) во присуство на голем број гости, денеска беше неговото свечено отворање, а официјално со работа салонот КРЕАС, во чиј состав секојдневно ќе работи и ресторанот,  започнуваат со работа од 4ти мај.

Салонот за свадби и семејни забави има капацитет за 300 гости.

Ресторанот воодушевува со својот раскошен, ексклузивно дизајниран ентериер. Гостите во ресторанот уживаат во специјалитетите на најголемите мајстори на кујната, врвната услуга, прекрасниот амбиент и во нежните музички звуци.

Богатото мени изобилува со раскошни вкусови од националната кујнa и претставува единствено кулинарско доживување пропратено со извонреден избор на квалитетни видови на вина.

Во салонот КРЕАС и ресторан ќе Ве пречекаат со врвна услуга, одлична атмосфера, нов уникатен изглед, стилски уреден и комфорен за сите забави.  Тоа е место каде секојдневно ќе можете да уживета во врвните месни специјалитети и скара од истоимената месарница, со долгогодишно искуство и препозналив квалитет  Месарницата „Креас„ ,која се наоѓа на Булеворот „Гоце Делчев“.

Несомнено, салон КРЕАС и ресторан е местото за идните ваши организирани прослави. Таму ќе Ви помогнат при планирањето на вашите прослави  со добра храна и поволни цени и ќе ја оправдаат Вашата доверба, а Вам ќе ви останат прекрасните спомени на убаво организирана прослава.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: