ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

“Бајачка” од Прилеп кривично ќе се гони за измама – земала злато и пари за да помогне за здравје

565

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(39) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во период од мај до јуни 2023 година, во домот на 56-годишник од Струга, дошла пријавената, лажно се претставила и ветила дека со одредени обреди може да помогне за надминување на здравствени проблеми.

Во неколку наврати оштетениот на А.Р. ѝ дал пари и златни предмети во вредност од 80.000 денари, кои по извршените обреди требало да му ги врати, но не му ги вратила.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: