ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Витаминка доделува четири стипендии на студенти запишани на додипломски студии на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

148

Прехранбена индустрија „ВИТАМИНКА“ АД Прилеп, објавува оглас за стипендирање 4 /четири/ студенти, со потекло од прилепскиот регион, запишани на додипломски студии на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје при УКИМ, насока: Прехранбена технологија и биотехнологија (ПТБ). Стипендијата е наменета за студенти во било која година на студирање.

Рок за аплицирање: 05.10.2023 година.

Изборот ќе се изврши во рок од 10 /десет/ дека од крајниот рок за аплицирање. Компанијата може да одлучи да организира кратки интервјуа за апликантите, во случај да бидат примени поголем број апликации. 

Висината на стипендијата изнесува 9.000,00 МКД на месечно ниво и се исплаќа 12 /дванаесет/ месеци во годината. Компанијата доделува и еднократен надоместок во висина од 9.000,00 денари на почетокот на академската година, за набавка на учебни помагала.

Стипендијата се исплаќа под услов студентот редовно да ги исполнува факултетските обврски, што значи на редовна основа да запишува нареден семестар. Со завршувањето на предвидените семестри, престанува исплатата на стипендијата.

Стипендистите ќе имаат уникатна можност да реализираат феријална пракса во компанијата, во договор со квалификувани ментори, како и можност да работат на проектни задачи од интерес за нивното образование и компанијата.

Со изборот, студентот потпишува договор за стипендирање со компанијата.

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се јават на тел. 048/407-428, 407-449 или писмено на е-mail: [email protected]

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: