ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Бегалец од прилепскиот затвор крадел во хотели

446

Обвинителството бара притвор за лице кое откако успеало да побегне од затворот во Прилеп извршило кражба во хотел во Скопје. Од Обвинителството  информираат дека истиот човек украл сеф во кој имало пари, клучеви и пасоши.

Станува збор за 38-годишен скопјанец, осомничен за „тешка кражба“ во скопски хотел. Осомничениот и претходно повеќепати бил осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ Затвор Прилеп,  но побегнал и од 5 јули и по него била распишана потерница.

Од хотелот, како што се посочува во соопштението, тој успеал да украде метален сеф заклучен со шифра, а во кој имало парични средства во износ од околу 1400 евра, како и клучеви од хотелот, неколку сим картички како и пет патни исправи на гости сместени во хотелот. Вкупната вредност на одземените предмети се проценува на околу 100.000 денари.

-Потоа го напуштил местото на настанот, но се вратил следниот ден и кога се приближил до службениот паркинг, му пристапиле членови на обезбедувањето на хотелот. Осомничениот со спреј за самоодбрана ги испрскал во очите и веднаш почнал да бега, влегувајќи во такси возило. Возилото било пријавено и сопрено од полициски службеници кај Градежен факултет Скопје, по што пријавениот бил лишен од слобода, информираат од Јавното обвинителство.

Во конкретниот случај според јавниот обвинител постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје тој доставил предлог за определување мерка притвор.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: